И овие се развиваат побрзо од Македонија: Талибанците ги претвораат вoeните бази во економски зони
Одлуката на талибанската администрација да им забрани на повеќето невладини организации да работат во државата, доведе до тоа многу хуманитарни агенции делумно да ја прекинат својата работа.
Авганистанското Министерство за трговија денеска објави дека продолжува со спроведувањето на плановите за претворање на поранешните странски воени бази во специјални економски зони за бизниси и фирми.
Ројтерс јавува дека ова министерство „работи на план за трансформација на поранешните американски бази“, по што ќе чека одобрение од вицепремиерот Мула Абдул Барадар.
– По детална дискусија беше одлучено Министерството за индустрија и трговија постепено да ја преземе контролата врз преостанатите воени бази на странски сили со намера да ги претвори во специјални економски зони – рече Мула Барадар и додаде дека „пилот планот“ за претворање на базите во економски зони ќе започне во главниот град Кабул и северната провинција Бал.
Талибанците претходно соопштија дека се фокусирани на зајакнување на економската самоодржливост преку трговија и инвестиции, а некои странски инвеститори изразија загриженост поради серијата напади, вклучително и нападот на хотел популарен кај кинеските бизнисмени, за кој одговорност презеде Исламска држава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Половина од учениците со сите петки не…
Министерката за образование и наука Весна Јаневска…
(Видео) Страшно невреме во Франција – двајца…
Најмалку две лица загинаа, а 17 се…
Трамп: Судењето на Нетанјаху треба веднаш да…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побара двонеделна пауза…
Левица: Дел од пазарот во Драчево е…
Локалниот огранок на Левица од Кисела Вода…
Од ветени жетви – останаа само празни…
Од ветените жетви на Цветан Трипуновски останаа…