КОСОВО МОРА ДА ГИ ИСПОЛНИ ОБВРСКИТЕ: За Лајчак неприфатливо е одложување на создавањето на Заедницата на српски општини
Како што наведе тој, „ставот на ЕУ и САД и другите меѓународни партнери е дека секое натамошно одложување е неприфатливо“. Лајчак додаде дека ЕУ во моментов работи на два колосека за да продолжи дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Специјалниот претставник на Европската унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, изјави дека Бриселскиот договор е ратификуван од косовскиот Парламент – „со тоа станува меѓународна правна обврска за Косово“.
– Разбираме дека тоа прашање е чувствително за Владата на Косово, но обврските мора да се исполнат – рече Лајчак во интервју за „Политика“, одговарајќи на прашањето зошто сè уште не е формирана Заедницата на српски општини.
Како што наведе тој, „ставот на ЕУ и САД и другите меѓународни партнери е дека секое натамошно одложување е неприфатливо“. Лајчак додаде дека ЕУ во моментов работи на два колосека за да продолжи дијалогот меѓу Белград и Приштина.
„Прво, приоритет е двете страни да се договорат за предлогот на ЕУ за нормализација на односите. Второ, продолжуваме да работиме паралелно за да обезбедиме целосна и итна имплементација на сите елементи од она што е договорено досега во дијалогот – кои остануваат валидни и се обврзувачки за двете страни“, рече Лајчак“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…
Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…
ПДПР со демант и објаснување на денешниот…
Реакција и демант По повод видеото што…
Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…
*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…