Четири пожари во Куманово – ова се деталите

t

Кумановските пожарникари вчера гаселе пожари на четири локации, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово. На три различни места горела сува трева кај „Митев мост“ во село Долно Којнаре и во населбата Карпош. Пожарникарите интервенирале со по една екипа. Пожарите на сува трева се случиле во попладневните часови.

Во Куманово на улицата „Моша Пијаде“, бил опожарен и автомобил, соопшти РЦУК Куманово. Противпожарна единица го изгасила пожарот, за кој денеска информираше и кумановската полиција.

– Денеска во 01:50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улицата „Моша Пијаде“ настанал пожар во паркирано возило „фолксваген“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на И.С.(34) од Куманово, информираше полицијата.

Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Захарова: Русија е подготвена да го реши…

Разговорите меѓу Русија и Украина се движат…

Нов топлотен бран – температурите до 40…

Од утре нашата земја повторно влегува под…

Додик: Нуклеарно оружје може да се употреби…

Конфликт меѓу Израел и Иран би можел…

НАТО внимателно ја следи ситуацијата во Иран

НАТО внимателно ја следи ситуацијата во Иран,…

Лишен од слобода возач во Куманово, управувал…

На 20.06.2025 во 16.50 часот на ул.„120“…