“Ни треба само еден куршум”: Убиството на Вучиќ било договарано преку Телеграм

t

Екстремни групи договориле криминален план за насилните протести во Србија преку апликацијата Телеграм“, објави „Информер.рс“.

„Ни треба само еден куршум! Не смее да пропушти! Ајде да удриме сите како едно и готово, а потоа контролираме се’, гласела една од пораките што се користеле за организирање на пучи атентатот врз претседателот Вучиќ.

Членовите на т.н „Народни патроли“ и други екстремистички организации се подготвувале за крвопролевање неколку недели пред состанокот и насилниот протест пред Претседателството!

Тие преку мобилната апликација „Телеграм“ размениле пораки во кои се договарале за навооружен напад врз шефот на државата. Безбедносните служби успеале да ја прекинат оваа комуникација и да го уапсат терористот Дејан Бобачек, кој од Бачка Паланка на протестот во Белград отишол вооружен со снајперски карабин и противтенковски куршуми.

Полицијата успеала да ги пробие сите шифрирани пораки на екстремистите, а на тој начин пронашла докази дека има навистина сериозен криминален план.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Црна Гора спречен атентат со снајпер…

Во текот на оваа недела, во Црна…

Русија тврди дека и Полска е вмешана…

Руската разузнавачка служба ФСБ тврди дека обидот…

Во Дубаи уапсен сторителот на обидот за…

Сторителот на обидот за атентат врз генерал-полковникот…

Застрелан заменик-шефот на руското воено разузнавање!

Заменик-шефот на руската воена разузнавачка служба е…

Фон дер Лајен и Кошта по средбата…

Претседателите на Европската комисија и на Европскиот…