ДОЈАВА ЗА БОМБА ВО ДОМОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ: Хотели, музеи, трговски центри – наредена е евакуација!
Дојави за бомби во повеќе објекти во Скопје утринава стигнаа на мејл адресите од испраќач потпишан како „Graham Klein“, меѓу кои и во Куќата на Претседателот – Вила Водно.
Закани за експлозивни направи стигнале во станбените кули Џевахир, Управниот суд, станбената зграда Агора Флатирон, Градскиот Трговски Центар(ГТЦ), Трговскиот центар Бисер во Аеродром, Хотел Мариот (Плоштад на Скопје), хотел Александар Палас, Спортски Центар Борис Трајковски, Централната Железничка Станица Скопје, Зградата на Фудбалска Федерација на Македонија (ФФМ).Музејот на Град Скопје(МГС), Музј ММБ на адреса 11 март Скопје, Природонаучниот Музеј на Македонија на булеварот Илинденска, Археолошиот Музеј, Шопинг центар East Gate Mall, Спомен Куќата на Мајка Тереза на улица Македонија.
Во моментов сè уште нема официјална потврда од МВР за случајот. Во Градскиот Трговски Центар е започната евакуација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп ѝ порача на нафтената индустрија да…
Доналд Трамп, во свој стил и со…
Марк Руте: НАТО е тука и за…
На прес конференција пред почетокот на НАТО…
Бугарија: Изјавите на Мицкоски се популистички, нема…
Ниту еден обид за заобиколување на консензусот…
Вучиќ: Го запираме целиот извоз на оружје!
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека…
Арсовска го објави: „Ова е сопственикот на…
Градоначалничката Данела Арсовска денес на Фејсбук сподели…