Голема победа за традиционалното семејство: Крај на законската промена на полот во Бугарија

t

Благодарение на лобирањето и заложбите на нашиот партнер од Бугарија, Асоцијацијата општество и вредности, бугарскиот Врховен касационен суд објави огромна победа за иднината на децата и традиционалното семејство, објавија од Коалиција за заштита на децата.

Имено, се донесе одлука да се прекине досегашната пракса на судовите и во иднина да не се дозволува промена на полот во личните документи (извод од матична книга на родени, лична карта и сл.) врз основа на тврдења за транссексуалност.

Случајот е покренат кон средината на летото 2020 година во врска контрадикторната пракса на судовите во Бугарија наспроти одлуката на Уставниот суд од 2018 год. дека полот е само машки и женски.

Нашиот партнер, Асоцијацијата општество и вредности, во 2020 год. подготвија и поднесоа петиција, со која ја предупредија јавноста и судот за сериозните последици врз децата и општеството од сличните политики во другите земји.

Петицијата беше поддржана од илјадници граѓани и од повеќе од 30 граѓански организации. Кога во 2021 год. Врховниот суд се обрати до Уставниот суд, Асоцијацијата повторно испрати мислење и за сериозните последици известија преку медиумите. Се вклучија и многу други организации, лекари, експерти, БПЦ и други верски заедници. Есента 2021 година Уставниот суд во својата одлука потврди дека полот е само машки и женски.

Ова е една од најдолгоочекуваните и најтешките толкувачки одлуки досега, потврдена од 28 судии од Врховниот суд и потпишана со посебно мислење од 21.

Судот е категоричен:

„Објективното материјално право кое функционира на територијата на Република Бугарија не предвидува можност судот да дозволи во постапката од глава III, дел VIII од Законот за граѓанска регистрација, промена на податоците по однос на полот, името и единствениот граѓански број во актите за граѓанскиот статус на апликантот, кој тврди дека е трансродов.”

Гласот на разумот, кој се темели на биологијата, науката, истражувањата, правото, искуството во другите земји и, пред сѐ, гласот на совеста, преовладаа!

Истиов закон за законска промена на полот во личните документи беше предложен лани и кај нас во Македонија, но откако реагираа илјадници граѓани и граѓански организации предводени од Коалицијата за заштита на децата, истиот беше повлечен од собраниска процедура со изговор дека треба да се доработи. И сега повторно законот е вратен во собраниска процедура, како еден втор обид да им се дозволи на мажите што се чувствуваат како „жени“ да можат да добијат лични карти со женски пол, и да можат да влегуваат во женски соблекувални, женски тоалети, женски затвори, да се натпреваруваат во женски спортски категории и сл.

Скоро сите партии во Македонија се свесни за штетноста од овие закони, но замижуваат пред нив мислејќи дека тие се „паркинг местото“ што Македонија мора да го плати за да влезе во луксузниот хотел „Европска Унија“. Но ете, Бугарија, Унгарија, Чешка итн. се доказ дека тоа воопшто не е предуслов за влез во ЕУ.

Штетните последици од овие политики врз децата, здравјето на жените и мажите, бракот и семејството, спортот итн. беа сопрени во Бугарија, додека во Македонија се обидуваат да донесат нов закон за „Родова еднаквост” во која се зборува за тн. „родов идентитет“ и дека маж што се себеидентификува како жена е вистинска „жена“ и треба да биде третиран како жена пред Законот.

Вашата Коалиција за заштита на децата останува посветена на фронтот против овие штетни закони и идеологии кои агресивно се наметнуваат врз нас и нашите деца, без согласност од мнозинството граѓани на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Траги-комедија во Бугарија: Огромен крокодил живее меѓу…

Двометарски нилски крокодил живее во јама на…

Земјотрес во Бугарија

Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…

Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија

Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…

Македонија ја прегази Бугарија за финале на…

Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…