Објавено на:

Шефот на Вагнер му одговори на Вучиќ: Вагнер убива, не оди по митинзи!

t

Шефор на Вагнер, Евгениј Пригожин одговори на обвинувањата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека членови на Вагнер делувале на територија на Србија и оделе по митинзи.

– Не стојам на ниту еден митинг во Србија. Групата „Вагнер“ убива, а не митингува, кратко одговори Пригожин.

– Во Србија никогаш немало ниту еден соработник на групата „Вагнер“ додаде тој на неговиот телеграм канал „Кепка Пригожина“.

На овој начин Пригожин одговори на изјавата на дописникот на изданието РЕКС кој ги коментира зборовите на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дека „не му треба некој од „Вагнер“ да го тапка по рамо и да му каже што да се прави.”

„Потполно се согласувам со Александар Вучиќ. Тој е претседател на Србија и самиот одлучува што треба да прави. Неколку пати коментирав и уште еднаш потврдувам: „Ниту еден соработник на групата „Вагнер“ не бил во Србија“. Освен оние Срби кои одамна, во 2014-2015 година се бореа во нашите редови. Несомнено не се залагаме за никакви собири. Групата „Вагнер“ убива, а не митингува“, рече Пригожин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фон дер Лајен и Кошта по средбата…

Претседателите на Европската комисија и на Европскиот…

Вучиќ ги искара српските министри: „Ѓуро, не…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, обраќајќи се…

Вучиќ: Многу сум му благодарен на Додик…

Српскиот претседател Александар Вучиќ и лидерот на…

Вучиќ: На воената парада беше претставена гордоста…

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека воената…

Вучиќ: Благодарност до руските партнери што нè…

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес во Токио…