Град Скопје со финансиска поддршка на програмата за деца и младинци со попреченост на Здружението „Отворете ги прозорците“

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска во име на Град Скопје потпиша договор со Здружението на асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ со кој се обезбедува финансиска поддршка на програмата за деца и младинци со попреченост.

– Со Здружението на асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ го потпишавме договорот за финансиска поддршка на програмата за деца и младинци со попреченост, кој опфаќа сервисна служба за асистивна технологија.

Обезбедување поквалитетен живот на децата и лицата со попреченост, преку квалитетни развојни програми и можности за нивно вклучување во различни сфери од општественото живеење е важен сегмент од нашите заложби.

Преку активностите кои се спроведуваат во Центарот за асистивна технологија, се овозможуваат континуирани и квалитетни услуги, дополнети со компјутерска примена на асистивната технологија.

Сервисната служба обезбедува и континуирана советодавна поддршка за семејствата, но и на сите чинители кои се вклучени во животот и третманот на децата и лицата со попреченост. – напиша Арсовска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓорѓиевски: Завршена постапката за набавка на автобусите,…

Завршена е постапката за набавка на новите…

Протестен марш во Скопје за поддршка на…

Со почеток во 14 часот во Скопје…

Најавена е директна авиолинија меѓу Скопје и…

„Од почетокот на март следната година, ќе…

Зоолошката градина во Скопје слави 100 години…

По повод големиот јубилеј, 100 години од…

(Видео) Жестока тепачка на скопскиот аеродром, во…

На социјалните мрежи денеска се појавија видеа…