(Видео) Има апликации за предупредување на земјотреси – Како функционираат и дали поплави можат да предизвикаат земјотрес

t

Има систем за рано предвидување на земјотреси, но ширењето на таласите е многу бргу и има апликации за предупредување кои известуваат за земјотреси, но колку брзо ќе не предупреди апликацијата зависи од оддалеченоста, објаснува во денешната епизода на Тешки муабети професорот Михаил Гаревски.

– Пред неколку години имаше силен земјотрес во Мексико, но епицентарот бил далеку и луѓето биле известени 2 минути пред тоа што е доволно време.

Во Романија на 60 години се случуваат земјотреси, во еден регион оддалечен од Букрешт но отприлика од 30-40 секунди од епицентарот ќе бидат известени луѓето во Букурешт.

Во Скопје на пример ако е епицентарот ќе има 2-3 секунди време што е многу малку, евентуално да се засолните под маса.

Ние не можеме да се ослониме на кучоњата и другите животни, тие реагираат на се не само на земјотреси но има снимки на интернет кадешто кучето 30-40 секунди реагира и бега бидејќи чувствува, а луѓето не реагираат. Се смета дека е така дека кучето има можност да ги почувствува примарните таласи кои ќе дојдат до нас, а ние ги чувствуваме трансферзалните таласи кои се разурнувачки.

Ние направивме анкета за скопскиот земјотрес, јас бев 11 години тогаш, добро се сеќавам, добив околу 500 одговори од луѓе на 35 прашања. Поставувавме интересни прашања и најчесто дали почувствувавте нешто пред да се случи земјотресот, најголем дел рекоа дека не чувствувале ништо претходно, а од друга страна имаше и некои ама многу мал дел што велат дека животните реагирале.

Ние секогаш зборуваме за еден земјотрес, јас знаев дека имаше два афтершокови со слична магнитуда како главниот потрес. Прашавме колку време имало помеѓу првиот и вториот земјотрес и рекоа околу 7 минути, што е точно.

Во сеизмологијата има три типа на удари, предудар или форшок, главен удар, афтершокови. Убаво е да има форшокови порано за да не уплаши, а афтершоковите се секогаш помали од главниот удар. Имаше два земојтреса и друго е интересно, луѓето не беа свесни дека е тоа земјотрес, мислеле околу 60% дека не биле свесни.

Пред земјотресот скоро никој не знаел дека ќе се случи земјотрес што е чудно, луѓето не памтеле земјотрес, не биле подготвени, ние бевме оптеретени со поплавата, што е играчка во споредба со земјотресот.

Скопјани мислат дека како резултат на поплавата се случил скопскиот земјотрес ама јас немам видено статија која зборува дека поплавите имаат поврзаност со земјотресите.

Акумулираната енергија од земјотресот во Турција е од 200-300 години и сега е ослободен. Расед е пукнатина меѓу два блока, поплавата не може да создаде ни додатна тежина поголема, ниту на друг начин да ја ослободи таа енергија која е акумулирана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Серија земјотреси на Алјаска: Можно е да…

Серијата земјотреси во близина на вулкан на…

Бројот на загинати во земјотресите во Турција…

Бројката на загинати во земјотресот во пограничниот…

(Видео) Интересни податоци: Кој бил најсилниот, а…

Најсилниот земјотрес кој се случил во Чиле…

(Видео) Има апликации за предупредување на земјотреси…

Има систем за рано предвидување на земјотреси,…