Таравари: Меѓународните чинители не претпочитаат предвремени избори годинава во Македонија

t

„Ако не се внесат Бугарите во преамбулата на уставот, тогаш Македонија ќе влезе во криза, што ќе биде подлабока од оваа криза, во која се наоѓа сега. Алијансата за Албанците добива важна порака од меѓународните чинители дека тие не претпочитаат да има предвремени парламентарни избори во 2023 година во Македонија. Втората порака на меѓународните чинители е да се помогне да се случат уставните измени и да започнат преговорите со ЕУ. Затоа Алијансата за Албанците донела одлука во Владата.“ – ова го изјави претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари вечерва во емисијата „Аргумент“ на на Втората програма на албански јазик на Македонската телевизија.

Пренесувајќи ги искажувањата на Таравари во „Аргумент“, информативната агенција на албански јазик „Журнал“ пишува: „Повеќе од 75 отсто од членството на внатрепартискиот референдум се изјасни ‘за’ влезот на Алијансата за Албанците во Владата.’ – укажа Таравари. Тој додаде дека претходно биле консултирани локални и меѓународни експерти за одлуката, што ја донела Алијансата за Албанците.“

Таравари вели дека на Македонија и треба политичка стабилност во оваа фаза кога Косово преговара со Србија.

„Постои голема опасност, која може да се случи на северот на Косово во општините со мнозинско српско население. На Македонија и треба политичка стабилност во оваа фаза кога Косово преговара со Србија. Меѓу референците, што ги добиваме од меѓународните чинители, една порака е многу важна: дека не се претпочита во 2023 година во Македонија да има предвремени парламентарни избори. Втората порака на меѓународните чинители е да се помогне да се случат уставните измени и да започнат преговорите со ЕУ“, нагласува Таравари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Турска серија“ во Штип: Турци ограбиле сограѓани,…

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ш.Т.(23),…

Од утре задолжителна зимска опрема за сите…

Од утре, 15 ноември, стапува во сила…

ПИШТОЛ ПРОНАЈДЕН КАЈ УЧЕНИК ВО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ…

На 13.11.2026 во 14:40 часот во средно…

Мајкрософт ги отстрани проблемите по глобалниот прекин…

Компанијата „Мајкрософт“ соопшти дека нејзините сервиси повторно…

ВМРО-ДПМНЕ: „Алта банка“ немала забрана за работа…

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека „Алта банка“ немала забрана…