Украинскиот народ нема да ја заборави помошта од Македонија: Петровска е храбра министерка, вели Резников

t

Jа изразувам мојата почит и поддршка кон вас украинскиот народ, за вашата храброст, истрајност и одлучност да ја одбраните сопствената територија. Ваков чин на брутална агресија и терор врз цивилно население, деца, жени, стари лица се незамисливи за било која цивилизација во 21-от век. Затоа од самиот почеток Владата на Република Македонија ја осуди руската агресија врз Украина, која е неоправдана и со ништо не е испровоцирана. Без двоумење застанавме на страната на правдата и човечкото достоинство, на страната на вистината, рече министерката Славјанка Петровска на денешната прес-конференција со нејзиниот украински колега Олексеј Резников во Киев.

Петровска упати порака до украинското лидерство и украинскиот народ дека Македонија силно ја осудува руската агресија врз Украина и даде полна поддршка за нејзиниот суверенитет и правото на самоодбрана.

„Ние бевме јасни и гласни од самиот почеток на агресијата, пред речиси точно една година кога рековме не на крвопролевањето, не на уништувањето во 21 век. Мирот мора да биде вратен веднаш“, рече Петровска.

Министерката се осврна и на досега укажаната хуманитарна и воена помош за Украина која ја даваме зашто цврсто веруваме во правото на секоја земја за самоодбрана и почитувањето на правилата и принципите на кои се основа меѓународната заедница.

Министерот Резников изрази силна благодарност за сета поддршка од Македонија и порача дека тоа украинскиот народ нема да го заборави. Нарекувајќи ја Петровска храбра министерка која во знак на пријателство допатувала во храбра земја, Резников потенцираше дека Украина е решена да го врати мирот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп изјави дека гледа „мал напредок“ во…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека гледа…

Путин откри што бара од Украина

Русија не бара капитулација на Украина, туку…

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Русија и Украина повторно разменија заробеници

Нова група руски војници е вратена од…

Украина дозволи двојно државјанство за справување со…

Парламентот на Украина денес усвои нов закон…