Објавено на:

Путин ќе ја враќа Царска Русија: Се бориме за нашите историски граници

t

Рускиот претседател Владимир Путин одржа говор на денешниот „патриотски собир“ на стадионот „Лужники“ во Москва пред одбележувањето на утрешниот национален празник Денот на бранителот на татковината и повика на единство на рускиот народ и поддршка за, како што вели, „ специјална воена операција“ во Украина.

„Во моментов, на нашите историски граници се води битка за нашиот народ, ја водат храбрите борци кои сега стојат до нас“, рече Путин, ракувајќи се со војниците кои стојат на бината, РИА Новости.

Рускиот претседател изјави дека оние кои ја поддржуваат „специјалната воена операција“, имено медицинските работници, вработените во одбранбените компании, транспортот, како и децата кои пишуваат писма до борците, се бранители на татковината.

„Во оваа смисла, денес во одбрана на нашите интереси, нашиот народ, нашата култура, јазик, територија, во ова целиот наш народ денес е бранител на татковината. Подарок за сите“, заклучи Путин.

Претседателот на Русија зборуваше пред полн стадион, а присутните вееја руски знамиња и скандираа „Русија“ и „Путин“. Се проценува дека на овој собир присуствуваат околу 200.000 луѓе. Организаторите на присутните им поделија ќебиња и руски знамиња, а пред стадионот делеа и топол чај и каша.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…

Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…

Соборен украински МиГ-29, загина пилотот

Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…

Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…

Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…

Советот на Европа прими 195.000 барања за…

Регистарот на штети во Украина, отворен поради…

Воен авион се урна во Русија, загинаа…

Тешка авионска несреќа со воен авион се…