Кличко планира да го замени Зеленски на изборите следната година?
Виталиј Кличко, градоначалник на Киев и поранешен светски шампион во бокс во тешка категорија, не сакаше конкретно да каже дали ќе го предизвика украинскиот претседател Володимир Зеленски на претседателските избори следната година.
– Кога земјата е во војна, кога голем дел од земјата е окупиран, кога десет милиони луѓе се надвор од земјата, политичкиот натпревар може да биде фатален за нашата земја, рече тој во интервју за германската новинска агенција ДПА.
Сега е време да се брани државата, рече Кличко, кој е градоначалник од 2014. Денес се работи за опстанок на Украина, а не за тоа кој владее со земјата. „Нашите граѓани плаќаат огромна цена за ова“, рече тој, непосредно пред првата годишнина од руската инвазија.
Потребно е обединување на сите политички сили, на сите политички партии, смета тој. „Ние стоиме под едно знаме: сино и жолто, нашето украинско знаме. За жал, ова не го разбираат сите, дури и овде во Украина, додаде тој.
Според него, приоритет е одбраната.
– Земјата мора да биде независна и суверена. Земјата мора да стане демократска. Јас си ја работам својата работа. Подготвен сум. Моето рамо е секогаш подготвено за секој патриот, секој бранител, рече Кличко.
На прашањето зошто не стои рамо до рамо со Зеленски, кој со своите 170 сантиметри е повеќе од 30 сантиметри понизок од Кличко кој е висок 201 сантиметар, поранешниот боксер рече: „Рамо до рамо, не можеме да го направиме тоа. Не оди со оглед на висината … се шегувам“.
Тој рече дека во моментов не размислува да го предизвика Зеленски.
– Но ако и требам на земјата, тогаш немам друг избор, изјави градоначалникот на Киев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп изјави дека гледа „мал напредок“ во…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека гледа…
Путин откри што бара од Украина
Русија не бара капитулација на Украина, туку…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…
Украина дозволи двојно државјанство за справување со…
Парламентот на Украина денес усвои нов закон…