Полицијата приведе пет лица – краделе во хидроцентрала и во Дирекцијата за заштита и спасување

t

Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола, по преземени мерки и активности, вчера ги лишиле од слобода А.М.(23), С.М.(26), М.Ј.(31), Ф.М(44) и Ѓ.М.(34), сите од Битола.

– Тие се сомничат дека во периодот од 19.02. до 22.02.2023 извршиле три тешки кражби, од кои две во хидроцентралата Сапунчица во с.Дихово, битолско, и една во објект на Дирекцијата за заштита и спасување – Битола, во кругот на старата касарна во Битола, при што одзеле повеќе предмети, информира МВР.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците, а лицата биле задржани во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕХФ го затвори случајот со реваншот од…

Eвропската ракометна федерација денеска го затвори случајот…

Жена (61) запалила ѓубре, пожарот се проширил…

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе…

Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде…

Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…

Лишени од слобода двајца кумановци: Возеле под…

Лишени од слобода двајца возачи во Куманово…

Нетанјаху: На пат сме да ги уништиме…

Израел е на пат кон остварување на…