„Лукаку седи на клупа затоа што има 103 килограми!“
Поранешниот италијански шампион Интер синоќа славеше со 1-0 против Порто во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампиони (ЛШ).
Единствениот гол на натпреварот го постигна Ромелу Лукаку во 86. минута, откако влезе во игра од клупата за резервни фудбалери, а директорот Бепе Марота зборуваше токму за таа одлука на тренерот Симоне Инѕаги.
„Зошто Лукаку е на клупа? Затоа што има 103 килограми и не е подготвен да биде во првиот тим. Чекаме да се врати во форма. Од враќањето во Интер се мачи, но уверени сме дека ќе го покаже својот квалитет“, кажа Марота.
Реваншот меѓу Порто и Интер се игра на 14 март од 21.00 часот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Хаос во Тел Авив: Улици покриени…
Сцени на страв, хаос и вознемиреност ја…
Државата беше побавна затоа што мора да…
Нормално е граѓанскиот сектор да биде побрз…
Земјотрес во Македонија
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според…
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…