Трајановски: Тепачки клуб со тројца членови узурпирал училишен простор, се продава алкохол низ училишта

t

Не е точно дека ги застапувате интересите на децата, застапувате бизнис интереси. Кажете дека ви дошепнал некој информатор од Градот Скопје дека јавниот оглас е во финална фаза како би идел закупот на салите и дворовите на училиштата, истакна на денешната седница на Советот на Градот Скопје, заменик-градоначалникот Александар Трајановски.

– Кажете дека ресторани се влезени во училиштата, продаваат алкохол. ЖРК Ѓорче Петров е корисник на салата, но има и други клубови кои се потпишпани, мене ми е симптоматично но најтрагичното е штпо зборуваме за сала која е во склоп на средно училиште, на таа иницијтива имате тепачки клуб со тројца членови другите веројатно се во затвор.

Потписници се училишни клубови од основните училишта, што бара од основно училиште да тренира во средно училиште, страшно е и дегутантно да се криете позади деца и спортски активности.

Како може девет месеци откако е донесена одлука да се менува одлуката, вие сте утврдиле дека не е добро, ви кажале дека е готов јавниот оглас, класична саботажа, во ниеден процес не останавте константни, еве пак се враќаме назад. Сте правеле комбинации од одлуки од други години, да има што да се расправа од оваа говорница. Не ечесно ни пред граѓаните ни пред директорите на средните училипшта. Мора овие бизнис интереси да ги тргнеме од дворовите на средните училишта, за разлика од вас јас ја поддржувам истата иницијатива, тоа е имот на Град Скопје и ексклузивно право на располагање има Градот, нагласи Трајановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ја тепал сопругата за да му даде…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Парада на гордоста во Скопје на 21…

Шестата по ред Парада на гордоста ќе…

Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…

Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…

Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…

Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…

Изгорел склад за градежни материјали во Скопје

Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…