Објавено на:

Дури сега ќе биде “жешко”: Путин ги распоредува Сармат

t

Рускиот претседател Владимир Путин најави денеска дека руската армија оваа година ќе распореди нови интерконтинентални балистички ракети „Сармат“, кои можат да носат повеќе нуклеарни боеви глави.

На ден во пресрет на првата годишнина од рускиот напад врз Украина, Путин рече дека Русија „ќе посвети посебно внимание“ на зајакнувањето на своите нуклеарни сили, соопшти денеска Кремљ.

„Како и досега, ќе посветиме посебно внимание на зајакнувањето на нуклеарната тријада“, истакна Путин, мислејќи на нуклеарните ракети на копно, во морето и во воздухот, пренесуваат светските агенции.

Тој изјави дека Русија ќе продолжи со масовното производство на хиперсонични воздушни ракети „Кинжал“ и ќе започне со испорака на хиперсонични ракети „Циркон“.

Русија оваа недела се повлече од договорот за контрола на нуклеарното вооружување со САД, познат како „Нов СТАРТ“.

Во пресрет на првата годишнина од војната, во источна Украина се водат жестоки борби. Западни официјални претставници веруваат дека Русија планира офанзива за освојување нови територии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин најави одговор за влезот на Финска…

Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…

Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…

Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…

Путин: Русија ќе спречи какво било странско…

Русија ќе спречи какво било странско мешање…

Макрон е подготвен да го обнови дијалогот…

Доколку претседателот Путин има сериозни предлози и…

Путин: Најверојатно Американците го разнесоа гасоводот „Северен…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека…