Членките на ЕУ не успеаја да се договорат за нов пакет санкции за Русија
Државите членки на Европската унија денеска не успеаја да се договорат за нов пакет санкции против Русија што ги планираа за првата годишнина од инвазијата на Москва на Украина, објави денеска Ројтерс.
Агенцијата наведува дека е неопходно 27-те земји-членки на ЕУ едногласно да се договорат за воведување санкции.
Цитирајќи неименуван извор, Ројтерс објави дека Полска го блокира пакетот поради предложените исклучоци од забраната за увоз на руска синтетичка гума во ЕУ, а полските дипломати, наводно, рекле дека исклучоците се толку големи што ќе ги направат санкциите неефикасни.
Претставниците на земјите-членки треба повторно да се сретнат во петок, денот кога Русија ја нападна Украина минатата година, за да се обидат да склучат договор за санкции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…
Русија: САД да не се мешаат во…
Русија ги предупредува САД да не се…
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…
„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…