РУСИЈА МОЖЕ ДА МОБИЛИЗИРА УШТЕ МИЛИОН ВОЈНИЦИ!? Шефот на германското разузнавање: Предноста на бојното поле му дозволува на Путин да наметне услови
Русија би можела да мобилизира уште еден милион војници во Специјалната воена операција во Украина, тврди германската Федерална разузнавачка служба (БНД).
„Минатата есен беа мобилизирани и регрутирани околу 300.000 луѓе, некои се уште се на обука, некои веќе се во борба“, изјави шефот на БНД, Бруно Кал, пренесува весникот „Штерн“.
„Русија може да мобилизира уште еден милион мажи, доколку Кремљ смета дека е потребно.
Една година по почетокот на конфликтот, Кал вели дека не ја гледа подготвеноста на Владимир Путин да преговара или да постигне мир.
„Во моментов работиме на стекнување предност на бојното поле, бидејќи тоа му овозможува на Путин можеби во одреден момент да ги наметне своите услови за мир“, додава тој.
Во многу аспекти, текот на конфликтот беше сосема поинаков од она што го претпоставуваа Москва, Украина и Западот, рече шефот на БНД.
Тој тврди дека Украинците во моментов се многу ефикасни против Русите, но дека долгорочно ќе биде тешко, бидејќи зависат од поддршката на Западот.
Тој истакнува дека Русија успеала да ги запре успесите на Киев и дека сега има многу сурови рововски битки.
Што се однесува до шпекулациите за можна руска офанзива на пролет, Кал вели дека тоа всушност би било „интензивирање на она што веќе го гледаме“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун –…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска посочи дека…
Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари…
Пентагон денеска објави дека потпишал договор вреден…
Претседателот на Хрватска утре ќе побара вонредна…
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ утре ќе испрати…
Ѓорѓиевски: По две децении Серава добива нов…
Проектот за уредување на коритото на реката…
Затвор за разговор со странски новинари: Иран…
Иран го заострува притисокот врз медиумите со…