(Фото) По зелникот сме меѓу првите 50 во светот
Зелник е традиционална македонска пита која може да се наполни со разни состојки, како што се сирење, спанаќ, јајца, месо, праз или зелка. За да биде најдобар, зелникот треба да се премачка со путер и масло пред да се стави да се пече, па питата да добие златно-кафеава боја. Зелникот е најдобар кога се служи топол, а се препорачува со чаша јогурт, се вели во описот на светскаа енциклопедија Тејст Атлас.
Светската енциклопедија за традиционални јадења „Tejст атлас“ („Атласот на вкусот“) објави топ-листа најдобро оценети печива во светот. На списокот, поточно на 50-то место се најде и македонскиот зелник.
Од нашето соседство, во првите 20 се бугарската баница со сирење, босанскиот бурек и зељаница, хрватскиот бурек со сирење, грчката бугаца, турската баклава, „Газијантеп“ баклавата итн.
„Зелник е традиционална македонска пита која може да се наполни со разни состојки, како што се сирење, спанаќ, јајца, месо, праз или зелка. За да биде најдобар, зелникот треба да се премачка со путер и масло пред да се стави да се пече, па питата да добие златно-кафеава боја. Зелникот е најдобар кога се служи топол, а се препорачува со чаша јогурт“, се вели во описот.
Просечната оценка за можеби една од најпрепознатливите македонски закуски е 4,4 .

„Атласот на вкусот“ комбинира автентични рецепти, критики од познавачите на храна и истражувачки написи за популарни јадења и состојки, па на тој начин е создадена и листава на најдобри пекарски производи во светот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калајџиев за новиот притвор за Деко: Ако…
По новиот притвор за првообвинетиот за случајот…
„50 пати на улица и во судница,…
Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…
Грчките инвестиции во енергетскиот сектор на Романија…
Говорејќи на третото издание на „Кодексот на…
Трамп даде по 100 долари на 20…
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека неговата…
Русија нападна брод под либериско знаме во…
Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…