Не е се’ така црно во нашето здравство: Има и вакви моменти кои заслужуваат пофалба!
– Со овој пост изразувам голема благодарност на екипата на Брза помош и дежурниот кардиолог во,, 8-ми септември,, ( од настанатата ситуација не успеав да им ги разберам имињата).
Имено, екипата на Брза помош по дојавата дека мојата мајка има симптоми на срцев удар пристигнаа за 5 минути и со мобилен екг ја констатираа состојбата, по што веднаш ја пренесоа до,, 8-ми септември,, каде докторот кој беше во ургентно одделение откако констатира дека се работи за срцев удар веднаш со перфектна организација го обезбеди дежурниот кардиолог кој го изврши зафатот и го спаси животот на мојата мајка. Од моментот на повикот до Брза помош до моментот на кардиолошкиот зафат поминаа помалку од еден час. ВИ БЛАГОДАРАМ И ПОКЛОН ДО ЗЕМЈА.

Извор: markukule.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Ангелов: Ова е еден од најтешките…
Повеќе од 15 пожари на отворен простор…
Украина отвора 100.000 работни места за ветераните…
Украинската влада подготвува нова програма за отворање…
Сателитски податоци откриваат масовно ширење на алгите…
Глобалните океани влегуваат во фаза на брзо…
Монструозен случај: Татко го оставил седумгодишниот син…
Наместо да продолжи со семејното искачување, седумгодишно…
Американски суд ја поништи забраната на Трамп…
Американски суд ја поништи забраната на Трамп…