Расте просечната плата во Србија: Повеќе од половина Срби земаат плата над 30.000 денари
Просечната плата во соседна Србија за месец декември 2022 година достигнала 84.227 динари, или 42.113 денари.
Како што соопштуваат од тамошните институции, во однос на истиот месец од претходната година, просечната нето плата е повисока за 12,9 отсто, но реално е пониска за 1,9 отсто.
Соседите пресметуваат и медијална плата, која за декември 2022 година изнесува 60.413 динари (30 илјади денари), што значи дека 50 од вработените оствариле заработка до тој износ.
– Податоците за медијалната заработувачка покажуваат дека повеќе од половина од вработените во Србија примаат плата значително пониска од националниот просек – пишува српски „Данас“.
Просечната плата во јавниот сектор била помала од 79.500 динари. Во приватниот сектор, просекот достигна 86.162 динари. Најниската плата е за претприемачите и изнесува нешто повеќе од 41.000 динари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес ја погоди Србија
Земјотрес со јачина од 3 степени според…
Постигнати спогодби со осомничените за транспорт на…
Случајот со транспортот на марихуана од Македонија…
„Њујорк тајмс“: Русија обучувала групи во Србија…
Руски оперативци поврзани со военната разузнавачка служба…
Мицкоски за изјавата на Вучиќ: Таквата комуникација…
Премиерот Христијан Мицкоски не сакаше да ја…
(Видео) Пукна трпението во Горњи Милановац –…
Во знак на протест поради рестрикциите на…