Објавено на:

Еве како размислуваат странците: Не бил голем проблемот меѓу Македонија и Бугарија, нема зошто да не се реши, смета Сервер

t

Професорот на Факултетот за напредни меѓународни студии на Универзитетот Џон Хопкинс во САД, Даниел Сервер, во интервју за „Слободен печат“ вели дека „реално, проблемите меѓу Бугарија и Македонија не се многу големи, освен, се разбира за луѓето што се директно вклучени“.

Но, не гледам причина да не бидат решени, вели Сервер во интервјуто,  во кое се осврнува и на состојбите во регионот, но и на конфликтот во Украина.

На прашањето дали Македонија, која е заглавена во „обвинувaњата“ од Бугарија, овој пат за почитување на правата на Бугарите во земјата, може да очекува крај на условите од Бугарија или треба да се подготви за долго „заложништво“ од страна на Софија, Сервер вели дека „секогаш е мудро да се биде подготвен за долг натпревар.

Сервер, во интервјуто зборува и за прашањето околу вметнувањето на Бугарите во македонскиот Устав, и дали треба да се инсистира на некаков реципроцитет од македонска страна, особено што во Бугарија Македонците не се признаени како малцинство, а има и 16 пресуди од Судот во Стразбур за тоа што Бугарија не дозволува регистрирање на партија на Македонците.

Јас сум поборник на реципроцитет. Тоа ги тера оние што бараат нешто двапати да размислат за тоа што го бараат, вели Сервер.

Господинот Сервер е приказ на просечно размислување на странец кој не може да се стави на местото на Македонец и не може да разбере што Македонија и македонскиот народ губат со промена на Уставот, дополнително што следува доколку уште еднаш Македонецот наведне глава.

Целото интервју на „Слободен печат“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Траги-комедија во Бугарија: Огромен крокодил живее меѓу…

Двометарски нилски крокодил живее во јама на…

Земјотрес во Бугарија

Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…

Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија

Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…

Македонија ја прегази Бугарија за финале на…

Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…

МНР: Очекуваме Бугарија да ги преземе сите…

Република Северна Македонија е силно посветена на…