ЈП Комунална хигиена – Скопје ја заврши акцијата за генерално чистење на поширокото централно градско подрачје

t

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на денешниот ден ја завршија повеќедневната акција за чистење на поширокото централно градско подрачје. Во рамките на акцијата беше спроведено рачно и машинско метење на јавните и сообраќајните површини на булеварите Гоце Делчев, Филип Втори, Крсте Мисирков, Никола Карев и Александар Македонски. Воедно, беа отстранети приближно 170 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во реонот на Карадак Маало – во непосредна близина на комплексот факултети при Универзитетот „Кирил и Методиј”, како и на булеварот Александар Македонски, на потегот кон х.Континентал. Во акцијата учествуваа и екипи на ЈП Паркови и зеленило.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓорѓиевски: Завршена постапката за набавка на автобусите,…

Завршена е постапката за набавка на новите…

Протестен марш во Скопје за поддршка на…

Со почеток во 14 часот во Скопје…

Најавена е директна авиолинија меѓу Скопје и…

„Од почетокот на март следната година, ќе…

Зоолошката градина во Скопје слави 100 години…

По повод големиот јубилеј, 100 години од…

(Видео) Жестока тепачка на скопскиот аеродром, во…

На социјалните мрежи денеска се појавија видеа…