Шпанец се вратил од Африка со вирус за кој нема ни лек ни вакцина?
Опасна болест е регистрирана во Шпанија. Веќе го има првиот сомнителен случај. Тоа е маж на возраст од 34 години кој допатувал од Африка. За оваа болест нема ниту лек, ниту вакцина.
Шпанија го регистрираше првиот сомнителен случај на вирусната болест Марбург (МВД. Ваков пациент има во регионот на Валенсија. Тоа е смртоносната болест која стави во карантин повеќе од 200 луѓе во Екваторијална Гвинеја.
На 13 месецов, Екваторијална Гвинеја смести во карантин над 200 луѓе и го ограничи движењето во провинцијата Ки Нтем. Во африканската земја девет луѓе починаа од болеста. Марбург може да има стапка на смртност до 88 проценти. Податокот го соопшти Светската здравствена организација(СЗО). Инаку, СЗО следи што се случува со оваа болест.
Болеста често започнува ненадејно, вели СЗО, со висока температура, силна главоболка и малаксаност. На почетокот пациентите често чувствуваат мускулни болки и грчеви, а може да се јави и жолтица, мачнина и стомачни болки.
Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) вели дека околу пет дена по почетокот на симптомите, осип може да се појави и на градите, грбот и стомакот на заболените. Пациентите почнуваат да изгледаат бледо и ослабено и се појавува екстремна летаргија.
Во фатални случаи, смртта се јавува помеѓу осум и девет дена од појавата на симптомите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин со честитка за Денот на Африка
Рускиот претседател Владимир Путин им честиташе на…
Шпанија прогласи вонредна состојба по прекинот на…
Шпанското Министерство за внатрешни работи денеска прогласи…
Жена во Шпанија ја продала новородената ќерка…
Шпанската полиција уапси 37-годишна жена која ја…
Шпанија нуди решение за проблемите на ЕУ…
Еден од лостовите што му помогна на…
Шпанската полиција разби синџир на трговија со…
Шпанската полиција разби синџир на трговија со…