Костадинов од СДСМ маскиран во Тито, во друштво на “Хитлер“ позираше со нацистичко знаме
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов од СДСМ на струмички карневал се појави маскиран во Тито. Неговата партнерка, го следеше во маската, па беше во улога на Јованка Брос.
На една групна фотографија, Костадинов како Тито е во друштво на човек маскиран во Хитлер, а во нивна близина се вее нацистичкото знаме.

Се разбира, карневалот е време за забава, но ваквото однесување е недозволиво за еден градоначалник кој сигурно знае кој бил Хитлер во историјата и дека неговото промовирање сигурно не е забавно.
Костадинов и неговата девојка Георгиева, маскирани како Тито и Јованка Броз, позираа со пријателите од неговата група кои вечерта беа Гадафи, Хитлер, Фидел Кастро, Че Гевара и други историски личности.
Градоначалникот рече дека маската нема порака туку дека е повеќе “политичка сатира“, а ликовите од историјата “нека си останат таму“.
-Вечерва се случи бришење на границите на Балканот, се случи Европа без граници. Беше преубаво да се биде дел од маскенбалот и да се види како луѓе под маски од различни земји и нации заедно пеат, играат и се веселат. Хрвати, Срби, Босанци, Црногорци, Грци, Бугари и Македонци, но и гости од Шведска, Германија, Холандија, Италија, Словенија и Турција, вечерва беа едно. Можеби тоа беше најубавиот маскенбал од сите досега одржани, маскенбал каков што само може да се посака, изјави синоќа Костадинов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хакери поврзани со Северна Кореја планирале да…
Компанија за кибербезбедност и управување со глобални…
Уапсен 19-годишен Македонец во Белград за обид…
По налог на Вишото јавно обвинителство во…
САД се подготвуваат за нов напад? Третиот…
Американскиот носач на авиони „УСС Теодор Рузвелт“…
Естонија на 1 декември ќе ја затвори…
По синоќешниот обид за саботажа во естонската…
ОН: До 2100 година Македонија може да…
Алармантни податоци за демографската слика во Македонија.Доколку…