Инцидент во Кичево: Нападнати судии и делегат – полицијата приведувала гледачи

t

Натпревар од машката кадетската лига што требаше да се одигра денеска во Кичево не го дочека крајот, а поради хаосот на полувреме морала да интервенира и полицијата. Средбата била прекината при резултат 8-6 за гостите, а биле приведени и лица кои влегле на терен и ги нападнале судиите и делегатот.

Инцидентот се случил на полувремето кога гостите од Прилеп воделе со 8-6. Незадоволни навивачи влегле во терен и физички го нападнале делегатот, а се обиделе да се пресметаат и во судиите. Полицијата брзо интервенирала, и највоинствените што влегле на терен ги привела во полиција – пишува 24Ракомет.

Делегатот од Охрид, Славчо Ристевски бил удрен, а удари добиле и судијата Марио Трајковски. Единствено Наташа Глигоровска куртулила од напад, но затоа вербално сите биле „испочитувани со целото семејство и роднини“. Службените лица потоа во придружба на полиција ја напуштиле салата и градот.

Целиот текст на 24Ракомет

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вработени во ЈП „Комуналец Кичево“ повикани на…

Полицијата од ОВР Кичево, постапувајќи по пријава…

Победа на Кичевчани: Конечно се расчистува депонија…

Благодарение на силниот и истраен притисок од…

Хорор во Кичево: Дедо повеќе пати силувал…

Полицијата во Кичево поднесе кривична пријава против…

Протест во Кичево: „Да се дислоцира ѓубрето,…

Група самоорганизирани граѓани на Кичево денеска излегоа…

Аларм за загаденост на воздухот во Кичево,…

Министерството за животна средина и просторно планирање…