И Шолц против мировниот предлог на Кина: Не може да ни диктираат услови

t

Германскиот канцелар Олаф Шолц го критикуваше мировниот предлог на Кина за војната во Украина, оценувајќи дека не се споменува повлекување на руските војници од украинска територија.

„ Од моја перспектива, не постои јасна реченица која вели: „Руските трупи мора да се повлечат“ – рекол Шолц при неговата вчерашна посета на Индија, пренесува германски „Велт“.

Тој додаде дека осудата на зголемениот ризик од употреба на нуклеарно оружје, што се споменува во кинескиот предлог, е „апсолутно исправна“. Сепак, Шолц истакна дека „не може да има мир под руски услови“.

Кинеското Министерство за надворешни работи во петокот објави документ од 12 точки за позицијата на Пекинг за ставање крај на војната во Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Белоруски тенковски екипи се префрлија на границата…

Белоруски тенковски екипи се префрлија на границата…

Зеленски потврди дека Украинците започнале офанзива на…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски за прв пат…

Кина со најмногу златни медали пред завршниот…

Пред завршниот ден на Олимписките игри во…

Путин ќе ги смирува Туpција и Сиpија:…

Организирањето на средба меѓу претседателите на Турција…

Русија прогласи вонредна состојба во Курск

Русија прогласи вонредна состојба во пограничниот регион…