Ванковска за барањето за заедница на албански општини: Македонија е федерација, ама нема кој да ѝ каже
Македонија е федерација ама нема кој да ѝ каже, вели професорката Билјана Ванковска во објава на Фејсбук каде го коментира барањето на Алтернатива за создавањена Заедница на албански општини во Македонија.
– Не знаеш кога се полоши: во влада или во опозиција?
Иницијатива по излезот од Влада – „Алтернатива“ бара формирање на Заедница на албански општини во Македонија, како реципроцитет на она што меѓународната заедница го бара од Косово, да формира Заедница српски општини.
Но, проблемот не е во Алтернатива, бидејќи Алијанса на Села тоа го бараше уште пред нејколку години, а Изет Меџити и сега јавно го бара тоа („ако 3 отсто Срби може да го добијат тоа на Косово, зошто 30 отсто Албанци да го немаат во Македонија“).
И ништо не е случајно – консоцијацијата води кон федерализација. Тоа го напишав пред 15 години во колумна „Македонија е федерација, ама нема кој да ѝ каже“. – напиша Ванковска.
Фото: Карикатура – Нова Македонија
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Mирен протест во Богданци во чест на…
Мирен протест под пораката „Стоп за фемицидот“…
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…