Маричиќ: Да простиме, да побараме прошка и да учиме од грешките

t

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ по повод денешниот христијански празник Велики поклади-Прочка порача: „Да простиме, да побараме прочка и да учиме од грешките“.

Вицепремиерот Маричиќ вели дека меѓусебното почитување, разбирање еден со друг и простувањето е единствен начин за соработка, мир и успех. Во честитката стои дека денешниот празник треба да биде и основа за надминување на разликите и поделбите, за заеднички да градиме општество во кое владеат демократијата, правдата и европските вредности.

Целиот интегрален текст во продолжение:

„Денес е денот кога подаваме рака за прошка и даваме прошка.

Ден за помирување. Да се почитуваме меѓусебно, да имаме разбирање еден со друг и да простиме еден на друг како единствен начин за соработка, мир и успех.

Не постојат луѓе кои не грешат. Најважно е да учиме од грешките и да сме свесни за потребата од прошка.

Денешниот празник нека биде и основа за надминување на разликите и поделбите, за заеднички да градиме општество во кое владеат демократијата, правдата и европските вредности.

На сите православни верници го честитам големиот христијански празник, Велики поклади-Прочка и ви посакувам лесни пости.

За многу години!“, стои во Фејсбук објавата на вицепремиерот Маричиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маричиќ – Хан: ЕУ работи на создавање…

Европската Унија работи на паралелни реформи во…

Маричиќ: Да простиме, да побараме прошка и…

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски…

Ковачевски за Прочка: Големината на чоевкот е…

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар…

За многу години: Денес е Прочка

Во овој ден твориме спомен на изгонувањето…

Маричиќ: Договорот од Преспа на дело, со…

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски…