Лице барано со потерница си се шетало низ кафичи: Полицијата го уапси при рација
Полицијата од СВР Скопје спроведе контрола во угостителските објекти, при што приведен е Д.К. кој се барал со три потерници. Затекнати се пет малолетни лица, а во еден од објектите бил пронајден кокаин.
Констатирано е кривично дело по член 204 од Кривичниот законик поради точење алкохол на малолетни лица, како и присуство на малолетници во угостителски објекти по 00.00 часот. Констатирани се и прекршоци во однос на неиздавање на фискални сметки и прекршување на законот за пушење, соопшти МВР.
Полицијата ја спроведе контролата заедно со Управата за јавни приходи, Трудовата инспекција и Државниот пазарен инспекторат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведени две лица кои се барале по…
На 09.08.2024 година во 17,40 часот од…
Царина ќе ги зајакнува контролите и присуството…
Унапредување на процесите на царинење преку унапредување…
ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…
Најмалку 147 лица се уапсени во немирите…
Најмалку 147 лица се уапсени откако демонстрациите…
Криминалец баран со потерница е приведен на…
Денеска (03.08.2024) околу 13.00 часот, на Граничниот…