“Не се нацисти”: Трифонов бара споменикот на советкста армија која ги заробила Бугарите да се замени со споменик на Хан Аспарух

t

На местото на споменикот на Советската армија, треба да има споменик на Хан Аспарух. Ова го напиша Слави Трифонов, лидерот на „Има таков народ“, во објава на Фејсбук во врска со споменикот на Советската армија во Софија кој беше искршен пред неколку денови од страна на валдали.

Но тие вандали наидоа на поддршка од скоро целата бугарска политичка елита.


– Во Софија, главниот град на Бугарија, нема ниту еден споменик на творецот на Бугарија – Хан Аспарух. И целиот овој скандал околу споменикот на одамна непостоечката војска, која воопшто не не ослободи, туку едноставно не пороби, целиот овој скандал е проклето згоден да се отстрани овој апсолутно непотребен и целосно бесмислен споменик и, како Бугари, да се подигне споменик на најважниот Бугарин – Хан Аспарух, напиша лидерот на ИТН.


Трифонов потсети дека пред неколку години предложил слична иницијатива и таа не успеала. „Зошто? Не знам. Имав чувство дека административните службеници не се Бугари, туку Византијци“, додаде тој.
“Но, најверојатно тоа нема да се случи. Очигледно Хан Аспарух не донесе овде. Луѓе кои ги сакаат странските војски повеќе од онаа што тој ни ја создаде. Инаку, идејата е добра. Прашајте кој било Бугарин и видете што ќе ви каже.” , напиша и Трифонов.

Трифонов несакајќи кажа дека Советската армија ги заробила Бугарите, што од нивна гледна точка е точно, затоа што тие беа на страната на нацизмот и фашизмот, додека Советнисот сојуз, исто како и Македонија, на вистинската антифашистичка страна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија е најголема закана за Македонија –…

Балканските земји се сметаат за непријатели, покажува…

КИРИЛ ПЕТКОВ ПОВРЕДЕН ВО ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА…

Кирил Петков, поранешниот премиер на Бугарија имал…

Чернева: Тешко дека Македонија ќе почне преговори…

Директорка на канцеларијата на Европскиот совет за…

Траги-комедија: Се степале две 80-годишни баби во…

Две постари жени во саботата попладне се…

Димитров: Албанија нема да има ништо против…

Македонија го избра парадоксот на комбинирање на…