СИЛНИ МОМЦИ И ДЕВОЈКИ: Македонската репрезентација во традиционално карате освои вкупно 30 медали 14 златни, 10 сребрени и 6 бронзени медали во Крушевац
Македонските каратисти се вратија од меѓународниот карате турнир во Крушевац со 30 медали. Репрезентативците освоија 14 златни, 10 сребрени и 4 бронзени медали.
Камелија Недев беше најуспешна со освоени 4 златни медали во кати, енбу, ката тим и џиу кумите тим и една бронзена во џиу кумите во категорија деца до 10 години.
Мила Младеновска во јуниорска конкуренција освои 3 златни медали во кого-кумите, фукуго и ката тим. Филип Недев освои 2 златни, 2 сребрени и една бронзена, Софија Јарчевска освои 2 златни и 3 бронзени медали, Матеј Мангаровски освои 3 златни и една бронзена и Георги Кокорманов освои 2 златни, 2 сребрени и 1 бронзена.
Успешни беа и останатите каратисти Мариастела Топалоска, Марта Димковска, Изабела Пренковска, Максим Поп Трпев, Срна Вапски, Ива Спасеновска, Марија и Ана Ѓуриќ и Марко Илиевски освоија повеќе медали во поединечна и екипна конкуренција.
На меѓународниот турнир во Крушевац учествуваа повеќе од 600 напреварувачи од 5 држави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Маж е тешко повреден додека чекал лифт…
МВР информира дека вчера во 18:10 часот,…
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени…
Јас би сакал уште еднаш да посакам…
Марин Ле Пен профитира од хаосот на…
Откако избувнаа немири во градовите низ Франција…
Кривична за Јани Макрадули за злоупотреба на…
Финансиска полиција поднесе кривична пријава против поранешниот…
Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните…
Ако не се свртиме кон семејните вредности…