Војдан по пласманот во квалификациите: Не беше лесно, но покажавме – карактер!

t

Македонската кошаркарска репрезентација со пет победи и еден пораз успешно го мина вториот претквалификациски циклус за ЕП 2025, за што клучна беше синоќешната убедлива победа на гостувањето кај Норвешка (79-41).

Еден од најзаслужните за пласманот во квалификациската фаза беше капитенот Војдан Стојановски, кој блескаше во Осло со 16 поени заедно со пет скока.

„Малку се вознемиривме по драматичниот триумф на Словачка во Данска, но тоа донесе и дополнителен мотив за да заиграме како што знаеме во Осло. Во мечот влеговме подобро од дуелот против Словаците, кога им дозволивме да ни дадат 15 тројки. И Норвежаните беа познати по добриот шут за три поени, затоа сторивме се да ги спречиме нивните најдобри шутери. Добриот почеток беше основа и за добра игра“, изјави Стојановски.

И играњето „под притисок“ не донесе и дополнителни проблеми во реализација на планираното на теренот.

„Оваа екипа покажа карактер. Игравме со уште поголема верба во сопствените можности, а како одминуваа минутите на површина излезе и нашиот квалитет. Во ниту еден момент не им дозволивме да се надеваат на некое изненадување и мирно го привршивме натпреварот во кој ја оправдаме улогата на фаворит“, дополнува еден од најискусните во ростерот на „црвено-жолтите“.

Предводникот на македонската репрезентација посакува Македонија повторно да биде учесник на едно Европско првенство.

„Не застануваме тука. Со добра ждрепка и систем за натпреварување во кој три од четирите селекции во квалификациките групи одат на ЕП, имаме шанси кои се реални. Имаме доволно време до следните активности, мислам дека ќе играме и олимписки претквалификации кои треба да бидат добра подлога за она што следува во квалификациите. Битно е да сме комплетни, да бидеме здрави, во добра натпреварувачка форма, не се сомневам дека ќе го дадеме својот максимум на секој нареден натпревар“, завршува капитенот по успешно реализираните задачи во претквалификациите.

Следниот месец ќе биде познато кога ќе се изврши ждрепката за квалификациските групи за ЕП 2025, но и начинот на кој ќе се играат претквалификациите за ЛОИ 2024, први во историјата според ваков формат.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маж е тешко повреден додека чекал лифт…

МВР информира дека вчера во 18:10 часот,…

Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени…

Јас би сакал уште еднаш да посакам…

Марин Ле Пен профитира од хаосот на…

Откако избувнаа немири во градовите низ Франција…

Кривична за Јани Макрадули за злоупотреба на…

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против поранешниот…

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните…

Ако не се свртиме кон семејните вредности…