Приведени две лица кои се обиделе да прошверцуваат лекови преку граница

t

Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Белановце при Регионалниот центар за гранични работи Север завчера во 19.15 часот ги привеле Р.А.(64) од с.Лојане, липковско и С.Р.(54) од Куманово.

– Имено, кај с.Злокуќане, липковско, при обид за илегален излез од Република Северна Македонија, полициските службеници извршиле контрола на патничко возило „опел корса“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.А., во кое сопатник бил С.Р., при што биле пронајдени и одземени 190 кутии со по 500 таблети „далерон“, без соодветна документација, информира МВР.

Тие биле задржани во полициска станица и со нив бил извршен службен разговор.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а по негово целосно документирање ќе следи соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меѓународниот кривичен суд во Хаг за санкциите…

Воведувањето санкции против Меѓународниот кривичен суд како…

Дронови и мистериозни балони на небото над…

Москва наводно била цел на напади со…

Дипломатски судир меѓу САД и Европа: Вашингтон…

Соединетите Американски Држави воведоа нови санкции против…

Финансиски аларм во Америка: Приносите на државните…

Американскиот пазар на државни обврзници испраќа сериозни…