Објавено на:

Кулеба: Најстрашното злосторство е што Русите крадат украински деца

t

Рускиот принуден трансфер на илјадници деца од Украина веројатно е најголемата присилна депортација во модерната историја, изјави украинскиот министер за надворешни работи, Димитро Кулеба, во Женева.

„Најстрашното злосторство е тоа што Русија ги краде украинските деца“, рече Кулеба во видео-пораката на првиот ден од седницата на Советот во Женева.

„Тоа е геноцидно злосторство“, додаде тој.

Неодамнешниот извештај на експерти од Универзитетот Јеил истакнува дека Русија држи најмалку 6.000 украински деца, а можеби и многу повеќе, на локации на Крим под руска контрола со примарна цел „политичко превоспитување“.

Во извештајот се вели дека најмалку 43 кампови и други видови објекти во кои се сместени украински деца се идентификувани како дел од „голема системска мрежа“ управувана од Москва од нејзината инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Некои деца беа поставени во системот и се посвоени од руски семејства или преместени во згрижувачки семејства во Русија, се додава во извештајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…

Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…

Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…

Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…

Црна Гора испраќа војници во Украина!

Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…

Изградба на нуклеарна централа на Месечината и…

Изградбата на првата нуклеарна централа на Месечината,…