Добро утро со Инфомакс: Даскалот одамна ги проценил Бугарите – “Бугарската влада има завојувачки политики кон Македонија, за секоја помош ќе следува страшен удар”

t

Македонскиот револуционер Гоце Делчев, кој Бугарија активно се обидува да го бугаризира, очигледно ги проценил Бугарите уште во времето додека тој живеел.

Како што кажува Гоце, ударот од Бугарија ќе биде страшен доколку се дозволи тие да помагаат во ослободувањето на Македонија.

Добро утро Македонци, во продолжение што мислеше и како зборуваше Даскалот.

– „Бугарската влада, која има чисти завојувачки намери спрема Македонија, штом ќе почне да дава пари, ќе знае како да ја исползува со таа ‘помош’ создадената состојба на работите внатре: таа нема да се задоволи со некакви платонски чувства туку ќе сака реални привилегии… Повторувам, ударот ќе биде страшен!“

– „Не може да се надеваме на туѓа помош, вели тој, да не чекаме помош од Бугарија, ни од која и да било друга сила, туку треба да се подготвиме однатре – во душата секој селанец да се проникне кон таа идеја, сѐ да се подготви и тогаш да се крене масовно востание. Дотогаш никој однадвор да не се меша во нашата работа“

– „Рачо (Петров ) се опушти да ми каже дека се воделе преговори за поделба на сфери на влијанија… Овој и сличните признаци ни вдахнаа увереност дека има опасност да се прават политички комбинации на наш грб и без наше знаење. Тоа нè натера да бидеме уште попретпазливи и посамостојни во своите акции, да не даваме можност да се прават слични комбинации на сметка на Македонија… почетното мислење за општа искреност на бугарската влада кон ослободителното дело било проста наивност“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се огласија од Бугарија: Мицкоcки манипулиpа, има…

Националното претпријатие за железничка инфраструктура, кое е…

Траги-комедија во Бугарија: Огромен крокодил живее меѓу…

Двометарски нилски крокодил живее во јама на…

Земјотрес во Бугарија

Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…

Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија

Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…