Вучиќ најави обраќање за Косово: Ќе ги победиме, Србија ќе победи
Александар Вучиќ по вчерашниот состанок во Брисел изјави дека Србија нема цена и дека тоа е нешто што никогаш не го разбрале на Запад.
Ќе ги победиме. Србија ќе победи“, порача претседателот на Инстаграм.
Вучиќ се заблагодари за грижата и поддршката во тешкиот ден.
„Анализирам што се случи. Се боревме максимално во тешки услови и се боревме за иднината на Србија во мир, за продолжување на инвестициите во нашата земја. И ја одржуваме нашата заклетва и Уставот на Србија и Косово и Метохија како дел од Србија“, рече тој.
„Вечерва од 21, ве молам гледајте, на РТС ќе зборувам за сите манипулации, лаги, невистини што ги шират не само тастатурите, тајкунските медиуми, туку и РТС, Танјуг и многу други. За нас нема друга Србија, имаме еден, ќе го заштитиме и ќе го браниме“, рече Вучиќ.
Вчера во Брисел се одржа нова рунда преговори меѓу Белград и Приштина. Најпрвин се одржаа одвоени разговори со еврокомесарот за надворешна политика, Жозеп Борел и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак, а потоа и трилатерална средба.
По средбата на новинарите им се обрати претседателот Вучиќ, кој рече дека средбата била тешка, дека инсистирал на формирање на ЗСО и дека е договорено разговорите да продолжат.
Тој истакна дека не се зборува за европскиот предлог за Косово, туку за спроведување на претходно потпишаниот.
Албин Курти пак кажа дека бил спремен да го прифати европскиот предлог и да потпише, но другата страна се противела на тоа.
Вучиќ и Курти најавија дека следните преговори ќе бидат во Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…
Косово ќе прифати до 50 мигранти од…
Косовската влада денес одлучи да прифати до…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…