ОЈО нема намера да го блокира работењето на “Жан Митрев”, ама мора да води сметка за побарувањата на оштетените пациенти
Обвинителството нема намера да го блокира работењето на Клиниката „Жан Митрев”, изјавила за „360степени“ обвинителката Искра Хаџивасилева од Основното јавно обвинителство Скопје откако од Клиниката се пожалија дека поради блокираните сметки не можат да функционираат.
Барањето за блокирање сметки, според обвинителката, е од пред неколку месеци, а судот донесе одлука непосредно пред за денеска закажаното отпочнување на судскиот процес. Обвинителката објасни дека таа мора да води грижа и за побарувањата на оштетените пациенти и на семејствата на починатите, а на обвинетиот Жан Митрев му порача дека тој може да понуди и друга гаранција за да се одмрзнат сметките.
– Ова е нешто што трае подолго време. Обвинителството повтори дека не е негова претензија да се блокира работата на болницата. Напротив, се водевме од начелата на пропорционалност. Сега имате од страна интерес на оштетени и нивното правото на побарување кое е пријавено, јас чувствувам обврска да го заштитам истото, но повторено е многупати како и денеска дека одбраната може, и апсолутно е прифатливо, да понуди износ како гаранција за таквото побарување – изјавила обвинителката.
Од клиниката претходно се пожалија дека не може да си ги извршуваат обврските кон банките бидејќи еден ден пред најавениот почеток на судењето, судот наложил да им се блокираат сметките.
Во меѓувреме, поради потребата од екипирање на правниот тим за одбраната на лекарот Жан Митрев и на неговата клиника е одложен за денеска закажаниот почеток на судењето во Кривичниот суд за предметот со кој тие се товарат за измама на пациенти преку користење на методот хемофилтрација во лекувањето на ковид-19.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОЈО ќе организира средба со родителите на…
Откако за време на вчерашниот протест во…
„Ви укажавме кои се, а не сте…
Ние тука родителите не сме правници, соопштението…
Не ги убивајте нашите деца уште еднаш…
Јавен повик од семејствата на загинатите во…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
ОЈО не се откажува од гонење на…
Колку е сигурно Обвинителството дека бендот е…