Стано: Целта на дијалогот е нормализација на односите меѓу Косово и Србија, а не меѓусебно признавање

t

Целта на прифатениот европски предлог и на дијалогот Белград-Приштина не е „взаемно признавање“, туку постигнување сеопфатен договор за регулирање на односите меѓу Косово и Србија, изјави денеска во Брисел портпаролот на Европската унија, Петер Стано.

Одговарајќи на новинарско прашање Стано додаде дека успех ќе биде потпишувањето на конечниот договор за сеопфатно уредување на односите меѓу Косово и Србија.

Портпаролот на високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, истакна дека договорот на српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти дека е неопходно да се започне со спроведување на европскиот предлог е јасен напредок.

„Сега доаѓа суштинскиот, важен дел, а тоа е да се спроведе содржината на европскиот предлог преку преговори“, рече Стано.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…

(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…

Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…

На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…

Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…