Прв. Најдобар. Поинаков. Единствен – победник и шампион/Новак Ѓоковиќ – детето од белградските подруми
Бренд приказната за Новак Ѓоковиќ е приказна за победнички и шампионски поход од белградските подруми(каде се криел од бомвите на НАТО) до тенискиот и спортски Олимп. Тоа е приказна за балкански пркос, српски инает, помешан со лична упорност, тврдоглавост и истрајност. Дете во тенисот пронајдено од Јелена Ѓенчич, поддржано од Никола Пилиќ, а цело време охрабрувано од семејството(родителите, сопругата, браќата).
Повеќе нема дилеми, Новак Ѓоковиќ конечно е најдобар тенисер на сите времиња.(GOAT). Тој е поим за Dream Brand Concept: Идеи +Луѓе + Пари + Тајминг + Среќа = Сон (Dream). Да одиме со ред: Новак Ѓоковиќ, е врвен тенисер, во моментот прво рангиран тенисер, најдобар, на ранглистата на Светската тениска асоцијација. Да се потсетиме дека на почетокот на кариерата имал финансиски проблеми, губел натпревари на турнирите, а богами и често ги предавал поради здравствени проблеми.
Сепак имал среќа. Неговите родители биле упорни и сигурни дека тој ќе успее. Го запишале во Академијата за млади тенисети во Германија на Никола Пилиќ, и се создале предуслови за успех. Секако, претходно со многу труд, тренинзи и одрекувања. Пилиќ го прифатил како свое дете, правилно го насочувал, Јелена Генчич, му ја дала тениската основа, и останало Новак да “експлодира“. Тоа се случило, и ете ти го тој на тенискиот врв, со освоени 94 титули од кои 22 грен слем титули. На АТП листата на како прв тенисер во светот има поминато 278 недели. Тоа е рекорд кој многу тешко некој во догледно време ќе го достигне и престигне.
Идејата е преку врвен спорт-тенис да се биде прв, најдобар, лидер. Тоа го посакуваат многу тенисери, па ништо поразлично не било и со Ненад Ѓоковиќ, младо момче од Србија. Има голем талент, тренирал долго и напорно и верувал дека може да освои еден гренд слем од големата четворка. Поточно имал визија и сонувал дека еден ден ќе ја оствари. Потпомогнат од спонзорот „Адидас“, светски бренд за спортска опрема, тој тоа и го направил. Со невидена борбеност го освои Australian Open.
Што да се каже?
Спонзорот Адидас има слоган “Ништо не е невозможно“ (“Impossible is nothing“), а по освојувањето на гренд слемот во Австралија Ѓоковиќ еуфорично изјави: “Јас го живеам мојот сон. Сега знам дека невозможното не постои“.
Тоа е реализирање на слоган на познат светски бренд од страна на бренд кој е во создавање, бренд кој доаѓа. Но, и бренд кој созреа, дојде, победи и стана најдобар на светот.
Ова е концепт во кој има замислено идеја (да се остварат врвни спортски резултати), од конкретен човек (Ненад Ѓоковиќ), вложен труд, напор (пари), конкретно време и место (гренд слем турнир во тенис во Австралија), и остварен сон (да се биде прв, најдобар, лидер).
Бренд кој го запоседна тенискиот Олимп. Прв. Најдобар. Поинаков. Единствен.
Сотир Костов
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривични пријави за тројца од Подградец кои…
Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…
(Видео) Гори кај Богданци, се слушаат детонации…
На социјалната мрежа Х се појавија видеа…
Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…
Таравари постави за директорка докторка која има…
Докторката Севдије Коџа добила решение од министерот за здравство Арбен…
(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…
Иван Стоилковиќ не е важен и не…