Бектеши ги повика мелничарите на разговор: Да не креираме хистерија кај граѓаните

t

Максималната цена на 450 грама бел леб треба да биде 32 денара, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши на прес-конференција во Владата откако премиерот Димитар Ковачевски соопшти дека се укинува повластената струја за компаниите од прехранбената индустрија и се замрзнува цената на лебот на 33 денари.

Бектеши ги повика мелничарите заеднички да најдат одржливо решение кое ќе биде поволно за сите – и за граѓаните и за компаниите. Воедно ги обвини дека вчера изнеле неточни податоци во однос на цената на лебот.

-Цените на белиот и полубелиот леб се движат од 28 до 45 денари зависно од производителите. Сметаме дека не е во ред да има толку голема разлика во производство на одреден леб, а зборуваме само за два вида. Затоа, поддршката од Владата треба да им се врати на граѓаните. Сакам да ја повикам Групацијата на мелничари, да седнеме, да разговараме за да се најде соодветно решение, да донесеме одржливи одлуки, да има вин-вин ситуација посебно за граѓаните, а не еднострана добивка. Да им олесниме, посебно на најранливите категории граѓани. Имајќи предвид дека последните 3 – 4 месеци можеби 10 – 20 пати имавме состаноци со мелничарите, не е фер, ниту транспарентно да се кажуваат невистински податоци зашто е проверено од сите надлежни институции. И претседателот на Групацијата, еден од двајцата што вчера излезе на прес-конференција како сопственик на една од најголемите компании за леб, има цена под 33 денари на бел и полубел леб. Тоа е утврдено од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ). Затоа, да не криераме хистерија кај граѓаните. Ако треба тоа и јавно ќе го објавиме како податок зашто сакаме отворено да дискутирмае со сите засегнати страни, но приоритет е интересот на граѓаните, подвлече Бектеши.

Според ДПИ, како што додаде министерот, во некои градови цените на белиот и полубелиот леб се пониски од 32 денара.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОЈО потврди: Уапсено е лицето од Народна…

Уапсен вработениот во Народна Банка за кого…

Тројца лишени од слобода за разбојништво во…

На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…

Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда

Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…

Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…