Дрон падна во близина на Москва, Украина молчи

t

Дрон се урна во близина на селото Губастово во областа Коломна во Московската област, но нема закана за безбедноста на локалното население, изјави денеска гувернерот на Московската област Андреј Воробјов.

„Очигледно целта бил цивилен инфраструктурен објект, кој не бил погоден. Нема жртви, ниту материјал причинета е штета, а Федералната служба за безбедност и другите надлежни органи го истражуваат инцидентот“, напиша Воробјов на својот канал „Телеграм“, пренесе „ТАСС“.

Како што наведе, нема ризик по безбедноста на локалното население.

Украинските власти засега без коментар за инцидентот.

Претходно денес летовите на аеродромот во Санкт Петербург беа прекинати на околу еден час, кога непознат летечки објект беше забележан во близина.

Голем број руски домашни летови до Санкт Петербург се пренасочени назад кон нивните појдовни точки, според веб-страницата за следење летови Flight Radar. Најмалку пет летови на линијата од Москва до Санкт Петербург се вратени во руската престолнина откако претходно кружеле во воздух, пренесува „Гардијан“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Хаос во Тел Авив: Улици покриени…

Сцени на страв, хаос и вознемиреност ја…

Државата беше побавна затоа што мора да…

Нормално е граѓанскиот сектор да биде побрз…

Земјотрес во Македонија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според…

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…