НЕМА БОМБИ: Завршија проверките во 23 средни и 22 основни училишта
Министерството за внатрешни работи попладнево информираше дека денешните дојави за поставени експлозивни направи во училиштата во Скопје се лажни.
-Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 23 средни и 22 основни училишта на подрачјето на Скопје, по добиените пораки на електронски адреси со закана за поставена експлозивна направа и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, велат од МВР.
Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа извршени се детални проверки од тимови за антитерористички проверки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Kриумчари им наплатувале 470 евра на мигранти…
Мрежа од профили на Инстаграм ги убедувала…
„Ертракторите“ цел дел гаснат над Рамни Габер,…
Состојбата со пожари на отворен простор денеска…
Забранета водата за пиење во Демир Капија
Анализата на примерокот земен во понеделникот од…
Приведен штипјанец: Физички и психички ја малтретирал…
На 13.08.2026 во 23:50 часот во Штип,…
ВЛЕН: 25 години по Рамковниот договор од…
Соопштение на ВЛЕН Во рамки на одбележувањето…