(Фото) Србите со часови ги малтретираа Комити и им дозволија влез во 55. минута, на што навивачите на Вардар возвратија – тука сме!
Два преполни автобуси со вардаровите навивачи утринава тргна за Белград за да го бодри ракометниот тим во СЕХА пресметката со белградски Партизан, на која црвено-црните претрпеа убедлив пораз, но на мечот во салата „Бањица“ влегоа дури во 55.минута од мечот.
Повеќе од три часа вардаровите навивачи не биле пуштани да влезат во Србија на граничниот премин „Табановце“ и тоа од српската полиција, без никакво образложение. Црвено-црните фанатици, кои не го најавија гостувањето јавно, но уредно ги информираа властите на нашиот северен сосед, на границата биле претресувани речиси до гола кожа.
Откако им бил дозволен влез, со полициска придружба се упатиле накај Белград, но тоа одело толку бавно што веќе на сите им станало јасно дека нема да стигнат на почетокот на средбата. Но, се случи најлошо сценарио за нив – им беше дозволен влез на пет минути пред крајот, кога веќе прашањето на победникот беше решено. Кога се појавија во салата, настана толкава еуфорија, што на преносот се забележа како сите домашни фанови скандираат „Јужна Србија, никогаш Македонија“, а се пееше и грчка навивачка песна.
Претходно, црно-белите фанови го дочекаа Вардар со грчко знаме, а на стартот на второто полувреме извадија парола со која го навредија целиот македонски народ.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична за Јани Макрадули за злоупотреба на…
Финансиска полиција поднесе кривична пријава против поранешниот…
Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните…
Ако не се свртиме кон семејните вредности…
ССМ: Минималната синдикална кошница за месец октомври…
Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец…
Зголемен број на случаи на мали сипаници…
Од почетокот на оваа година во Турција…
Мицкоски за правосудниот испит: Македонскиот јазик е…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско…