Боки 13 преку адвокатите опоменува: Центрите на моќ да ги тргнат рацете од операцијата „Бумеранг“

t

Правниот тим на осудениот во случајот „Рекет”, Бојан Јовановски познат како Боки 13 поднесе барање за определување на термини за доставување на докази и сослушување на подносителот. Барањето се однесува на предметот „Бумеранг”, поднесено е до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и е со назнака „итно”. Преку официјалниот допис до јавноста Боки 13 порачува дека и да имаат закани, како што вели од центрите на моќ, оваа кривично-правна операција со кодно име „Бумеранг“ ќе биде реализирана.

„Ви соопштуваме дека во врска со кривично – правната операција со кодно име „Бумеранг” од страна на полномошниците на подносителот Бојан Јовановск Владимир Туфегџиќ и Сашко Дукоски, адвокати од Скопје, вчера на ден 28 февруари 2023 година истакнато е барање за определување на термини за доставување на докази и сослушување на подносителот Бојан Јовановски пред надлежниот обвинител по оформениот предмет од јавниот обвинител Ислам Абази. Поради итноста, но истовремено и поради целисходноста и ефикасноста на започнатата кривично-правна операција со кодно име „Бумеранг” ја информираме јавноста дека од наша страна за почеток на овој процес ќе бидат побарани однапред определени и утврдени повеќе термини со оглед на обемноста на доказниот материјал”, се вели во официјалниот допис испратен од правниот тим до медиумите.

Адвокатите на Јовановски додаваат дека квалитативната обработка на материјалот и доказите ќе се врши исклучиво во присуство на подносителот Бојан Јовановски и на неговите полномошници, адвокати.

Поради чувствителноста , карактерот и сериозноста на отпочнатиот процес со кодно име „Бумеранг” апелираме до јавноста дека истиот ќе се врши транспарентно во име на високиот степен на јавниот интерес. Гласно укажуваме до центрите на моќ кои веројатно се директно засегнати од овој процес да не вршат притисоци, да не упатуваат директни и индиректни закани и да престанат со незаконски дејствија на уценувања и заплашувања со цел да го спречат и попречат започнатиот процес „Бумаранг” секако дека ваквите погоре опишани дејствија од центрите на моќ беа очекувани за нас, но истакнуваме дека ништо од сето тоа нема да ја спречи реализацијата на кривично-правната операција и дека во одреден момент доколку продолжи трендот на притисоци, закани, уцени, засегнатите страни ќе добијат соодветен одговор за нивните незаконити дејствија кои интензивно и задкулисно се случуваат изминатите денови од кога е јавно објавено започнувањето на процесот”, додаваат од правниот тим.
Од таму го повикаа и меѓународниот фактор во име на императивната заложба за владеење на правото и во име на фактот сто во изминатите години токму од меѓународната заедница се вложени големи финансиски средства во нашата држава и правосудните институции за подобрување и прогрес на правото и правната држава, да го следат со внимание почнатиот процес и во рамки на своите надлежности да дадат свој позитивен придонес кон реализација на процесот.

Адвокатите ќе ја информираат јавноста за првиот термин и за останатите усогласени термини за предавање на доказниот материјал и пријави во ОЈО ГОКК.

Јовановски пред неколку дена преку правниот тим извести дека н негово барање Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, односно јавниот обвинител Ислам Абази, веќе оформил предмет и го распределил кај надлежен јавен обвинител на постапување.

„Информираме дека со ова започнува кривично-правна операција со кодно име „Бумеранг”, извести Боки 13 преку неговиот правен тим пред неколку дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен 36-годишник од Гевгелија, ја следел и…

Полицијата уапсила 36-годишен жител на Гевгелија по…

Одржан 51 „Марш за ангелите“ во Кочани:…

Во Кочани денеска, 14 ноември 2026 година,…

Србија го раскинува договорот со зетот на…

Српската влада донела одлука за раскинување на…

Во Штип се одржа традионалната „Егејска вечер“…

Македонците кои живеаат во соседните држави, како…

Демонстранти во Тирана се обидоа да упаднат…

За време на денешниот протест во Тирана,…