Левица: Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ против мерна станица кај Усје 

t

На последната седница на Советот на Град Скопје, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ одлучи да не гласа за Иницијативата на Левица за поставување мерна станица кај индустрискиот загадувач „Титан Усје”.

Со штетно дејствување, ВМРО-ДПМНЕ ги потврди сомнежите на јавноста, односно дека оваа партија единствено се грижи за капиталот на нејзините финансиери!

Со оглед на тоа што градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во општините Аеродром и Кисела Вода претходно објавија дека загадувачот „Титан Усје” е општествено одговорна фирма – одлика купена со донации, јасно е од каде произлегуваат мотивите против иницијативата на Левица.

Во услови кога над три илјади жители годишно поради загадениот воздух се впишуваат како жртви на здравствените компликации и кога отсуствува имплементацијата на ефективни мерки за справување со причинителите, оваа иницијативата на Левица ќе придонесеше во насока на детекција на најголемите загадувачи – наместо Владата да ја префрлува одговорноста на сиромашните.

Во оваа прилика го потсетуваме градоначалникот на Кисела Вода – Орце Ѓорѓиевски да го исполни ветувањето додека трае ризичниот период со загаденоста на воздухот и пред јавноста да објасни до каде е постапката за поставување мерна станица кај индустрискиот загадувач „Титан Усје” – со цел повторно граѓаните да не бидат извисени под изговор за бирократски процедури.

Политичка партија Левица
Фото: Левица

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меѓународниот кривичен суд во Хаг за санкциите…

Воведувањето санкции против Меѓународниот кривичен суд како…

Дронови и мистериозни балони на небото над…

Москва наводно била цел на напади со…

Дипломатски судир меѓу САД и Европа: Вашингтон…

Соединетите Американски Држави воведоа нови санкции против…

Финансиски аларм во Америка: Приносите на државните…

Американскиот пазар на државни обврзници испраќа сериозни…