Руски медиум објави фотографии: Путин има златна резиденција во која живеат Кабаева и нивните деца?
Истрагата на рускиот медиум „Проект“ покажува дел од местата каде живеат Алина Кабаева, Владимир Путин и нивните деца. Станува збор за резиденцијата на рускиот претседател во Валдај, која е имот од неколку згради опремени со кралски традиции. Главната зграда беше обновена по налог на Путин, со позлатен мебел.
Изданието има фотографии што им ги доставил градежникот. Палатата е изградена во 2005 година. Пред извесно време, зградата беше прикажана на филм на тимот на Алексеј Навални, но златото внатре никој до сега не го видел, забележува „Проект“.
“Палатата е буквално посипана со злато и други атрибути на луксуз. На долниот кат – каде што има базен, амам и џакузи, има просторија што градителите ја нарекуваат “подрум”. Таму, над столовите и маса обложена со златен варак, виси лустер – топче.Направена за гостите да можат да берат парчиња од златната барака.Исто така има многу злато на другите три ката. На вториот кат е златната дневна соба.Таму е џиновски лустер кој минува низ трите ката, украсен според градителите со рубини.На 800м од претседателската палата се наоѓа дрвена куќа од 1200м2.Како во времето на царството тука е домот на царицата т.е.Алина Кабаева.До него има пристаниште за чамци и канал кој води до класичниот парк на палатата кој е на 28 хектари.

Одделно, „Проект“ го прикажува и станот на Кабаева во Сочи, која живее во најголемиот стан во Русија. Двокатниот стан во комплексот „Кралски парк“ е со површина од 2.600 метри квадратни – има се што ви треба – базен, кино сала, двор и приватна хелиодром. Во 2021 година, резиденцијата е претставена како најголем стан во Русија, без да се спомене чија е сопственоста.Се разбира, официјално не е именувана по Кабаева, туку пријател на Путин и неговиот син. Го платила кипарската компанија „Ермира“, позната како „Путиновата банка“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган: Турција е единствената што може директно…
Турција е единствената што може директно да…
Вучиќ му честиташе на Орбан за организирањето…
Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше по телефон…
Путин го разреши заменик шефот на неговата…
Рускиот претседател Владимир Путин го разреши Дмитриј…
Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…
Трамп побара од ЕУ да го притисне…
Американскиот претседател Доналд Трамп побарал од Европската…