Објавено на:

Норвешката полиција ја приведе Грета Тунберг

t

Норвешката полиција денеска кратко време ја приведе еколошката активистка Грета Тунберг за време на протест во Осло, на кој учесниците бараа отстранување на турбините на ветер од пасиштата на ирваси, пренесува „Ројтерс“.

Таа заедно со група активисти ја блокирале влезната врата на зградата на норвешкото Министерство за финансии, а полицијата ги привела.

Учесниците на протестот, вклучително и домородното население, како и активисти, во последните денови го блокираа влезот на неколку владини згради.

Во 2021 година, Врховниот суд на Норвешка пресуди дека две ветерни електрани, кои биле изградени во областа Фосен, ги прекршиле меѓународно загарантираните права на народот Сами.

И покрај пресудата, спорните турбини на ветер и по 16 месеци не се отстранети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ