Македонија ја нема на листата: Еве кои земји испратиле најмногу оружје во Украина
Гледајќи ги ветувањата за воена помош за Украина помеѓу од 24 јануари 2022 до 15 јануари 2023 година, владата на САД се обврза да обезбеди поголема финансиска помош за воени цели од која било друга земја. Според податоците на Килскиот институт за светска економија, јазот во однос на другите земји е огромен.
Во анализираниот период, САД издвоиле вкупно 46,6 милијарди долари. Второ рангираната земја, Обединетото Кралство, испрати 5,1 милијарди долари. Меѓутоа, во релативна смисла, двете земји за воена помош на Украина издвоиле 0,2 отсто од својот БДП. Гледајќи ја оваа метрика, помалите соседи на Украина, релативно, придонеле повеќе во воените напори: на пример Естонија (воена помош од 1,1 отсто од БДП) или Латвија (0,9 отсто). Дури и кога ќе се собере воената, финансиската и хуманитарната помош испорачана или ветена од САД, тоа изнесува само 0,4 отсто од БДП на земјата.
Килскиот институт за светската економија за следење на поддршката за Украина систематски ја евидентира вредноста на помошта што ѝ ја ветиле на Украина од владите на 40 земји од почетокот на 2022 година. Ова ги вклучува воените, финансиските и хуманитарните обврски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
„Или сте со нас, или против нас“…
Откако САД најавија „економска војна“ против Иран,…
Пентагон: Над 750 американски војници ранети во…
Вкупно 757 американски војници се ранети од…
Америка крие тела на четири вида вонземјани,…
Научник, кој со децении работел со програмата…
Синдикалната кошница за август тежи 68.675 денари
Вредноста на синдикалната кошница за август 2026…